Се зголемуваат цените на нафтените деривати во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,16% во однос на одлуката од 17.01.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Mazut М-1 SU се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг.

Од 21.01.2025 година, 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81,00 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,00 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 76,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за согорување 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 75,50 ден/лит.

Mazut М-1 SU ќе се продава за 46.673 (денари/килограм).