Вообичаено за летниот период и денеска има зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табаноц за влез во РСМ и на ГП Богородица за излез од државата. Но, нема големи доцнења, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.
Се препорачува регулирање на брзината, почитување на сообраќајните знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за одрони. Ова особено се однесува на сегментите Катланова – Велес, Маврово – Дибр – Струга, Виница – Берово и Кочан – Делчево.