Се зголемува бројот на заболени од грип во Северна Македонија

Заводот за јавно здравје соопшти дека минатата недела се регистрирани 3.035 случаи на грип или заболени слични на грип, што е за 11,3 отсто повеќе случаи во однос на претходната недела.

Исто така во овој период од грип почина едно лице, но кое имало и други пропратни заболувања и кое не било вакцинирано против грип. 712 заболени од грип се деца на возраст од пет до 14 години и 375 деца на возраст до 4 години.

Додека најголем број заболени од грип има во Скопје. За разлика од истиот период лани, сега има зголемување на засегнатите од 36,4 отсто.