Се знае која недозволена супстанција ја користел Мудрик: Не ,,падна” прв, низ истото помина и Марија Шарапова!

Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик (23) се соочува со тешка казна поради позитивниот резултат на допинг тестот.

Тој беше тестиран на крајот на октомври и во тој примерок А беше пронајдена забранета супстанца. Ако примерокот Б покаже и присуство на забранета супстанција, Мудрик се соочува со суспензија до четири години!

Во оваа прилика самиот играч објави дека свесно не криел ништо, а сега се знае за која недозволена супстанца станува збор.

Имено, Мудрик бил позитивен на мелдониум.

Светот слушна за оваа супстанца кога руската тенисерка Марија Шарапова објави дека била позитивна на допинг тестот.

Мелдониумот е лек против срцеви заболувања и болести на циркулацијата, а ВАДА го додаде на својата листа на забранети супстанции во 2016 година.

Мелдониумот го произведува компанија во Латвија, а се користи и во Литванија и Русија, додека во САД не е дозволена употреба. Овој лек се користи кај исхемични срцеви заболувања, односно кај ангина пекторис, овозможува подобар проток на кислород низ клетките и ги шири крвните садови. Потрошувачите имаат поголема издржливост при зголемени физички напори.

Останува да видиме како ќе се одвива натамошната ситуација со Мудрик и колкава суспензија го чека…