Адвокат од Белград, Божидар Прелевиќ, ги коментираше масовните убиства во Србија во емисијата „Точка на неделата“ на телевизија N1. Тој зборувал за правниот аспект на страшните настани и можните последици, како и за одговорноста на највисоките власти за атмосферата на насилство во Србија.
„Србија е облеана во насилство. Еден од основните инструменти на оваа власт е промовирањето на насилството. Во желбата да се претстават пред гласачите како многу моќн односно семоќни, наследувајќи го она насилство кое секојдневно се прелева на параванот т.е. нивните јавни настапи… Она што интелектуалците го посочуваат 12 години е дека сето тоа насилство ќе се врати како бумеранг во опшеството. Има војни, достапност на оружје, нерегулирани граници… Сето тоа придонесе на ова, но фундаментално е што една политичка опција уништува институции 12 години, 12 години насилство, дивјаштво во однос на кој било, троши народни пари покажувајќи самата како апсолутно владее. Го имаме претседателот и ништо друго, се друго се слушатели од другата страна на телефонската говорница. Сето ова доведе до став дека насилството се прелева секој ден…“, кажал адвокатот во гостувањето на споменатата емисија.
„Најстрашното е што нашиот насилник е поддржан од Европа. Се наоѓаме во шпорет под притисок кој е само прашање на време кога ќе експлодира. Не знаеме како ќе заврши. Ако не се смени главниот генератор на оваа криза, за жал, вчера го гледавме како користи се што се случи за да си го подигне сопствениот рејтинг кога дава брзи решенија… Тој излуди еден народ целосно… Овде се вели дека слаба глава сонува за цврста рака. Сега имате цврста рака и ништо друго… Нашиот претседател дури и се фали со тепачки на стадион, тешко може да помине таков човек во нормална држава…“, продолжил адвокатот.
Зборувајќи за изјавата на Александар Вучиќ дека ќе ја разоружа Србија вели дека тој тоа го говори за да собере нови политички поени – „Кај нас сè почнува и завршува во медиумите. Ниту таа мерка не се во можност да ја спроведат бидејќи немаат капацитет. Од една страна, кога ќе ја погледнете позицијата во која сме, имате некој што тврди дека 1,4 тони наркотици во Јованица не се значајни, имаме ситуација кога полицијата не чува училишта, туку насади со наркотици. Сега тој човек ќе се разоружа… Имаме и слика од началникот на психијатриска болница со оружје… Нашиот проблем е што тие што владеат се полуди од граѓаните. Ова е тешко да се реши бидејќи на дел од граѓаните им се допаѓа“.
Заканите и казните не се решение за децата, предупредува адвокатот, но треба да се види како дојде до тоа младината да се фали со насилство и да го поддржуваат криминалот.
„Тоа е задача на професионалци, психолози, психијатри. Надлежните имаат чувство дека во тој случај ќе го предадат контролниот стап. Не ги интересира Србија, да ги интересираше немаше да го прават ова. Тие се заинтересирани за профит. Ова ќе заврши со апсење на некој. Ден по масакарот во Младеновац, претседателот кажа дека монструмот нема да ја види светлината на денот. До тој степен ја негира правдата. Значи… Сите овие јавно кажани работи говорат за тоа дека никој ништо не му може бидејќи тој е апсолутен владетел во Србија. Се поставува прашањето дали имаме друг излез освен граничните премини“, вели адвокатот и додава дека тоа што се случи мора да биде лекција за никогаш да не се повтори и за Србија и за регионот. Тој вели дека Србија е во најлоша позиција во моментот на Балканот.
„Ова не е за запоставен малолетник, туку за запоставен систем“, вели тој, додавајќи дека целиот систем треба да биде подложен на професионална ревизија што никој не може да ја спроведе.