Се намалуваат водостоите на реките, нивоата на езерата исти како вчера

 Водостоите на најголем дел од реките во земјава се намалени во споредба со вчера, додека нивоата на трите природни езера се исти како вчерашните.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е за 20 сантиметри пониско од вчерашното. Најголемо зголемување, пак,  на водостојот од 12 сантиметри има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани.

Нивоата на трите природни езера се исти како вчера и се под просекот за јули. Притоа, водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од просечниот за овој период од годината, кај Преспанското е понизок за 1,87 метри, а кај Дојранското Езеро е понизок за дури 4,29 метри.