Се намалуваат цените на нафтените деривати во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја донесе одлуката со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,72% во однос на одлуката од 25.11.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/л.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/л.

Малопродажната цена на Mazda М-1 SU се зголемува за 0,521 ден/кг и ќе изнесува 45,258 ден/кг.

Од 3.12.2024 година, 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 76,00 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,50 (ден/лит)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 71,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за согорување 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 69,50 ден/лит.

Mazut М-1 SU ќе се продава за 45.258 (денари/килограм).