Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,10% во однос на одлуката од 24.02.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕВ) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Од 04.03.2025 година во 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 77,50 (ден/лит)
БЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,50 (ден/лит)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 72,00 ден/лит.
Екстра лесното масло за греење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 71,50 ден/лит.
Maзут М-1 S ќе се продава за 44.952 денари/килограм