Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави нова мерка парична помош за семејствата со ниски приходи. Според изјавите на министерот, доколку приходите на родителите не го надминуваат износот од 50.000 денари, тие имаат право да аплицираат за оваа помош.
Корисниците на оваа помош ќе можат да добијат паричен надоместок за период од 6 месеци. За секој месец опфатен со оваа помош ќе се доделуваат по 1200 и 1800 денари месечно. Оваа мерка беше преземена со цел да се обезбеди директна поддршка на семејствата со посебни економски потреби и да се подобри пристапот до образование за нивните деца.
Министерот Шаќири рече дека целосните детали за процедурата за аплицирање ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на министерот за образование и наука и ги охрабри родителите кои ги исполнуваат критериумите навреме да аплицираат за да имаат корист од оваа програма за помош.