Се огласи Кристијано Роналдо по несреќата: Светот плаче поради тажната порака за Диого Жота

Светот е во шок од веста што се појави утрово. Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота (28), загина во сообраќајна несреќа што се случи во покраината Замора во Шпанија .

Ви ја пренесуваме пораката на Роналдо во целост:

 
Нема смисла. Пред малку време бевме заедно во репрезентацијата, пред малку се венчавте. На вашето семејство, на вашата сопруга и на вашите деца, им изразувам сочувство и им посакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидете тука за нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате – напиша Роналдо на социјалната мрежа „X“.