Се огласи Новак Ѓоковиќ: Еве што вели тој за инцидентот во Италија (видео)

Новак Ѓоковиќ проговори по немилите сцени во Италија, кога ненамерно беше удрен со пластично шише во главата додека даваше автограми.

– Ви благодариме за вашите пораки и за загриженоста. Ова беше несреќен случај и се чувствувам добро, одмарајќи се во хотелот чувајќи мраз на удреното место. Се гледаме во недела – рече Новак на X.

Инцидентот се случил додека Новак давал автограми на излегување од Форо Италико, кога од трибините излетало шише и го удрило српскиот тенисер во средината на главата.

Иако на почетокот не се знаеше дали Новак бил погоден намерно или случајно, снимката од друг агол откри дека шишето сосема случајно завршило на главата на Новак: кога навивачот се наведнал да земе автограм, испаднало од шишето и го удри тенисерот.

На Новак му била пружена помош, по што отишол во хотелот.