По сознанието за настаните на сплавот „Картел“, Првото основно јавно обвинителство во Белград и’ наложи на надлежната полициска управа да ги преземе сите мерки од нивна надлежност, вклучително и собирање на сите потребни информации од граѓаните кои се наоѓале на споменатиот сплав, како и прибирање на сите материјални докази кои можат да бидат корисни за расветлување на причината за потонувањето на сплавот, како и расветлување на настанот што му претходел и утврдување на кривична одговорност.
– Кога ќе биде физички возможно, ќе биде наредено да се изврши потребното вештачење за да се утврди стабилноста на пристапниот мост, комплетната платформа и лежиштата – се наведува во соопштението.
Дадена е и наредба до надлежните инспекции да утврдат дали наведениот сплав ги поседувал сите потребни дозволи и дали бројот на лица кои го посетиле сплавот е во согласност со прописите.
Сето наведено е наредено со цел да се утврди постоење на кривично дело и одговорност на лицата кои во моментот на несреќата биле сопственици или кираџии на објектот.
Наредено е да се утврди идентитетот на лицата за кои постои сомневање дека учествувале во тепачката што се случила непосредно пред да потоне сплавот, како и да се добијат сите видео снимки од локални објекти.
– После тоа, Првото основно јавно обвинителство ќе донесе конечна одлука против кого и за кое кривично дело МВР ќе поднесе кривична пријава, а дежурниот јавен обвинител ќе продолжи во соработка со надлежната полициска управа да ги презема сите натамошни потребни докази дејствија – се наведува.