Се огласи поранешниот менаџер на Михаел Шумахер по повод 10 години од страшната трагедија: “За жал, веќе немам надеж дека ќе го видам повторно…“

Остануваат уште неколку дена до годишнината од страшната несреќа во која тешко беше повреден Михаел Шумахер (54 г.).

Пред речиси десет години, на 29. декември 2013 година, германскиот ас тешко ја повреди главата при пад на ски-центар на француските Алпи. Тој излета од патеката под врвот на Ден де Буржин на патеката „Комбе де Солие“, и директно и тешко ја повреди главата.

Оттогаш неговата здравствена состојба е строго чувана тајна. Освен членовите на семејството, практично никој не ја знае неговата вистинска состојба.

Оттогаш, Михаел Шумахер не се појавува во јавноста, а не се појавуваат ниту луѓето кои му беа блиски за време на неговата кариера во Формула 1, како што е неговиот менаџер Вили Вебер.

Вили Вебер беше менаџер на Михаел Шумахер во текот на неговата кариера во „најбрзиот циркус на светот“. Тие беа како „прст и нокт“ и заедно ја испишаа историјата на овој спорт. Популарниот Михаел Шумахер ја заврши кариерата како рекордер со седум шампионски титули во Формула 1 и рекордни 91 победа.

Плачев како куче. Кога ќе помислам на Михаел Шумахер, за жал, веќе немам надеж дека ќе го видам повторно. По десет години нема позитивни вести“, изјавил Вили Вебер во интервју за еден германски весник по повод десетгодишнината од трагедијата.

Вили Вебер жали што не го посетил Михаел Шумахер во болницата во Гренобл кога можел. Во 2014 година, семејството го преселило Михаел Шумахер да се лекува дома и оттогаш строго контролираат кој смее да го види.

Да, многу се каам и се обвинувам себеси. Требаше да го посетам Михаел Шумахер во болница. Тагував по неговата несреќа, ме погоди неверојатно силно… Можете само да замислите. Секако, ме погоди и фактот што Корина Шумахер забрани секаков контакт. По некое време стигнав до точка на кршење. Морав да се ослободам од Михаел Шумахер и да го пуштам да си оди. Дури и три или четири години по несреќата, луѓето што ме препознаваа ме прашуваа: ‘Ти си поранешниот менаџер на Михаел Шумахер ? Како е тој ?’. По некое време престанав да објаснувам и помислив зошто никој не ме прашува како сум. Тогаш ми беше јасно, готово, тоа срање мора да ми излезе од глава“, вели Вили Вебер.

Вили ВеберживотМихаел ШумахернесреќаФормула 1