Се огласи родилката Крстевска од Битола: Ова беше моето „ненасилно“ породување (ФОТО)

Родилката Викторија Крстевска од Битола чие бебе почина кусо по раѓањето во битолската болница пред три месеци, јавно даде поддршка на 21-годишната родилка која вчера, во истата болница, роди мртво бебе. Крстевска уште еднаш побара одговорност за случувањата во болницата и повика на заедништво за да се стави крај на таквите случувања во болницата.

„Како мајка која неодамна го загуби своето бебе во таа проклета болница. Како жена која сама се бори против се и сите. Јас ќе застанам позади таа жена која вчера го изгуби бебето!

ЗАЕДНО МОЖЕМЕ. МОРА да има крај на овие случувања! ОДГОВОРНОСТ!!!!!!

** НЕМАЛТРЕТИРАНО! Напоменато! Почнаа и со нови изрази после МОЕТО МАЛТРЕТИРАЊЕ! Да, ова беше мојот “НЕНАСИЛЕН” ПОРАЃАЈ!

ДОСТА Е! НЕМА ДА МОЛЧИМЕ!!!!!!!

Родилката не искажала незадоволство.. Да.. Да.. Да.. И неа ли и нудите сокче. Не постои пара на светот што можи да ме купи за не се борам за правдата на своето дете, како и за нанесување штета и на други мајки! СРАМ СТЕ!“, напиша Крстевска на фејсбук.