Преку нивни застапник се огласи семејството на момчето осомничено дека го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Ова е нивна прва изјава во која се изразува сочувство до семејствата на жртвите.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина а и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Нека почиваат во мир”, се вели во пораката која во име на семејството ја испрати адвокатската канцеларија.