Невена Божовиќ и црногорскиот пилот Никола Ивановиќ , со кој ја доби ќерката Анка, со години живеат во хотелот.
На последниот кат од споменатиот хотел, Никола отворил и луксузен ресторан, па многумина се пошегувале дека пејачката нема да мора да се грижи за готвењето, а секако не и за одржувањето на домот, бидејќи за тоа се задолжени хотелските собарки.
Двајцата решиле да живеат во хотел во Будва во сопственост на сопругот на Невена.
– Се вселиле во еден од најубавите апартмани во хотелот во сопственост на сопругот на пејачката. Нивниот дом е на четврти кат во луксузен хотел, а во станот под Невена и Никола живее и братот на Ивановиќ. За многу нивни пријатели тоа беше необична одлука, особено што таквиот начин на живот е карактеристичен за богатите и познати холивудски ѕвезди – медиумите претходно ја пренесоа изјавата на еден од нивните пријатели, пишува Story.
Се зборува дека пилотот со кој се омажила Невена долго време води таков начин на живот, а таа му се придружила дури кога почнале да живеат заедно.
– Во приземјето на хотелот има кафуле во кое Невена и Никола секое утро пијат кафе. Тие сакаат да седат таму со своите пријатели, а чести гости се и родителите на Невена. Секогаш кога се во Будва, нејзините родители престојуваат во хотелот на Никола – раскажала и нивната пријателка.
„Ја сакам Будва“
– Уште пред да се омажам знаев дека секоја година ќе поминувам три-четири месеци во Будва, и лето и зима. Имам многу пријатели таму и ми се допаѓа малиот град. Работата често ми е многу заморна, постојано снимање, многу обврски, медиуми и се заморувам. Во Будва имам време да творам, да пишувам, таму имам инспирација бидејќи имам време и животот е многу помирен во помал град – изјавила пејачката.