Во Атина се отвора нов музеј посветен на дивата Марија Калас.
Од примерок од нејзината коса до синиот кадифеен фустан што го носеше по незаборавната изведба на Вердиевата „Травијата“ во 1955 година во миланската Скала, посетителите на Атина сега можат да се восхитуваат на работите на оперската дива Марија Калас во новиот музеј посветен на легендарниот сопран. .
Сместен во трикатна неокласична зграда во срцето на грчката престолнина, музејот ги отвора вратите денеска, пред стогодишнината од нејзиниот роденден, објави Ројтерс.
Диоптриски очила, костими и тетратка која легендарната сопран ја користела за да меморира делови од нејзините изведби ќе бидат меѓу изложените предмети, кои се донирани или позајмени на музејот.
На вториот кат од музејот посетителите ќе можат да слушаат делови од нејзините препознатливи изведби, меѓу кои и аријата „Каста дива“ од операта „Норма“ на Белини.
Марија Ана Софија Сесилија Калогеропулос, позната во светот како Марија Калас, е родена во Њујорк во декември 1923 година. Нејзините родители биле Грци, а таа починала во 1977 година на 53-годишна возраст од срцев удар.