Европскиот фронт во ДИК поднесе приговор до Државната изборна комисија за прегласувањето на избирачкото место 2101, општина Желинo.
ДИК е должна да донесе одлука по приговорот во рок од 72 часа. По одлуката на ДИК, решението може да се испрати до Управниот суд кој треба да одлучи во рок од 48 часа.
По прегласувањето во избирачкото место 2101 , Желинo, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник, а коалицијата „ВЛЕН“ доби еден пратеник.
Инаку, до ДИК стигна само овој приговор, а по конечната одлука за резултатите се очекува да биде формирана новата Влада.