Се очекува пораст на температурите во Македонија во наредните денови

Сончево и топло време ќе продолжи до крајот на неделата, додека температурите значително ќе се зголемат, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, температурите постепено ќе се зголемуваат од ден на ден, особено од четврток до крајот на викендот.

Се очекува дневните температури да бидат над 30 степени Целзиусови насекаде во земјата, а на некои места, особено во југоисточните и централните делови, да достигнат и до 40 степени.

„Во наредните денови ќе преовладува стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во сабота и недела, кога на многу места може да се надмине прагот од 38 до 40 степени“, велат од УХМР.