Треба да се запомни дека човечките органи работат на гликоза. Фруктозата, од друга страна, е двојно послатка од гликозата, поради што производителите често ја избираат како засладувач.
Постојат многу видови на шеќер и секој од нив има различно влијание врз нашето здравје, но гликозно-фруктозните сирупи се меѓу најопасните, а воедно и најчестите.
Мирослав Оташевиќ, основач на веб-страницата “Што јадам?” се осврнува на горенаведеното.
Пред сè, треба да се запомни дека човечките органи работат на гликоза. Фруктозата, од друга страна, е двојно послатка од гликозата, поради што производителите често ја избираат како засладувач.
Бидејќи фруктозата е составен дел од овошјето, многу луѓе мислат дека фруктозата е поздрава од обичниот шеќер, што во никој случај не е точно.
Кога консумирате фруктоза преку овошје, консумирате и влакна, вода, витамини, пектин и други состојки кои ќе го одржат вашиот шеќер во крвта стабилен и покрај фруктозата и ќе ве заситат. Индустриската фруктоза е сосема друга приказна.
Имено, индустриската фруктоза која се користи во прехранбената индустрија се добива вештачки од скроб, најчесто од пченка. Некаде се нарекува “пченкарен сируп” (не заборавајте дека помеѓу 70-80 проценти од пченката во светот е ГМО).
Добиената мешавина од сируп е мешавина од гликоза и фруктоза во различни соодноси. Гликозен сируп, фруктозен сируп, гликозен-фруктозен сируп, сируп со висока фруктоза се различни имиња (одредени според тој сооднос) за таков сируп.
Овој сируп генерално ќе го најдете во сите индустриски намирници, особено во слатките, а според најновите истражувања, тој е еден од најголемите причинители за дебелеење и разни метаболички синдроми.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОВИЕ СИРУПИ?
– Фруктозата се метаболизира многу бавно и исклучиво во црниот дроб. Ако добиете “замастен црн дроб” , голема е веројатноста дека сте го добиле од слатки засладени со сируп од фруктоза;
– Поради оптоварувањето со фруктоза на црниот дроб, доаѓа до зголемување на мастите во крвотокот, можна појава на дијабетес, дебелина, забавување на метаболизмот на целиот организам. Значи слатките не се опасни само поради шеќерот, туку и поради шеќерот кој тешко го метаболизирате.