СЕ ПОДГОТВУВААТ АПСЕЊА НА ДЕСЕТИЦИ КОШАРКАРИ НИЗ СРБИЈА: Со пораки се договарале како да испразнат обложувалници! Еве што ги открило

Се подготвуваат големи апсења за десетици српски кошаркари кои наместија натпревари и на тој начин заработија огромни пари на обложувалници!

Како што ексклузивно објави Курир, целата листа која пристигна од ФИБА содржи 30 имиња на осомничени играчи .

Последните информации кои ги објави порталот Република се дека наскоро ќе почнат апсењата на играчите.

Како што се наведува, клучните докази се пораките и повиците во кои играчите меѓусебно договараат што да наместат на меѓусебните натпревари на нивните клубови.

Индивидуалните уплати се движеа од 500 до 1.000 евра во азиските обложувалници… Секако, којзнае колку десетици уплати имаше за секој договорен натпревар. Како што е објаснето, најмногу „жртви“ биле азиските обложувалници.

Не е исклучено истрагата да доведе до помагачи кои ги имале кошаркарите во целата оваа шема на измама.