Роберт Левандовски (34 г.) минатото лето го замени Баерн Минхен за Барселона. И веднаш по неговото пристигнување, полскиот напаѓач ги предводеше Каталонците до титулата со 23 гола, што му ја донесе титулата најдобар стрелец во лигата.
Германскиот весник Sky Sports пренесува дека поранешната ѕвезда на Баерн Минхен е на листата на желби на богатите сопственици на судиски клубови и дека лесно може да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Парите не се проблем за Саудијците, кои плаќаат огромни суми за трансфери на најпознатите фудбалски имиња, па се шпекулира дека кариерата таму би можеле да ја продолжат и Лионел Меси, Серхио Рамос, Анхел ди Марија и Роберто Фирмино. Мета на Саудијците беше и Лука Модриќ, но тој реши да остане уште една година во Мадрид.
Кристијано Роналдо добиваше 200 милиони евра по сезона за едногодишен договор со Ал Наср, Карим Бензема наводно ќе добива околу 100 милиони, а на Лионел Меси за потпис му се нудат вртоглави 400 милиони евра годишно. Дали и Роберт Левандовски ќе оди по тој пат ? Каталонските весници категорично тврдат дека тоа нема да се случи. Тој е под договор со Барселона до 2026 година, а извори блиски до него велат дека сака да продолжи да се натпреварува на највисоко можно ниво.
„Со оглед на фактот дека Роберт Левандовски е во врвна физичка кондиција, дека може да игра на највисоко ниво во наредните години, таквата промена апсолутно не е опција“, пишуваат тамошните весници.
Но, прашање е што би се случило во случај на неморална понуда…