Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.
По прегледот било јасно дека треба да се изврши итна операција, а резултатот ги остави без зборови искусните лекари.
Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело!
Сепак, тоа не е најшокантниот детаљ. Страниот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата , пренесува Lakalle Blue Radio.
Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.
Постапката за отстранување не беше едноставна, имаше ризици, но на крајот сè заврши без последици. Стаклото било отстрането, а лекарите сфатиле дека е практично недопрено.
Приказната постојано се ажурираше на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.
„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова…“ беа дел од пораките.