Прославената српска тенисерка Ана Ивановиќ денес се породи, а на свет донесе машко дете, пишуваат соседните медиуми.
Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер добија трет син. Лука и Леон добија уште еден брат, а името на детето се уште не е познато за јавноста.
Ана и Бастијан се во брак од 2016 година, првиот син го добија во 2018 година, а Леон една година подоцна.