Голема радост во животот на популарната спортска новинарка и водителка Дора Пантели! Најубавата новинарка од Евролигата стана мајка овој петок, а оваа среќна вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Во својата емотивна објава, среќната мајка напиша:
Добредојде на светот, малечко. Панајотис „Пит“ Мерамвелиотакис“, а потоа детално објасни: 3.200 килограми, 52 сантиметри, Лео, 25 јули, Дора и Џенис.
Интересно е што името Панајотис е од грчко потекло и значи „оној што ѝ припаѓа на светата Дева“ или „посветен на светецот“. Името носи длабока религиозна и културна симболика во Грција, честопати поврзана со заштита, вера и традиција.
Погледнете дел од фотографиите на Дора Пантели:
Да ве потсетиме, Дора Пантели е грчка новинарка, телевизиска водителка и спортски коментатор, позната по својата работа во натпреварувањата на Евролигата и ФИБА. Родена е во Атина, а нејзиното целосно име е Теодора Пантели. За време на нејзината спортска кариера, таа беше првата Гркинка што доби целосна спортска стипендија во NCAA Дивизија 1. Играше за грчката женска кошаркарска репрезентација од 2006 до 2013 година, а во 2018 година беше членка на грчкиот тим во кошарка 3×3.