Џенифер Лупез важи за една од најубавите дами, нејзиното тело изгледа примамливо
Џенифер Лопез не престанува да крева прашина во јавноста. Последниве години имаше голема полемика за нејзиниот задник и целулитот. По фотографиите кои ги направија папараците на плажа, луѓето не можат да поверуваат што гледаат.
Всушност, Џенифер Лопез изгледа совршено на социјалните мрежи. Големи форми, извајано тело, затегнат задник, со еден збор – без маани.
Сепак, папарацо фотографиите покажуваат нешто друго. Сосема спротивна слика од она што латино дивата го објавува на социјалните мрежи. Целулитот, малку вишок килограми, разни несовршености се само дел од она што може да се види на фотографијата.
Лопез влезе во шестата деценија од животот и покрај некои несовршености, нејзиното тело изгледа примамливо, пренесува Телеграф.
Секој има право да користи фотошоп и тоа е навистина прашање на сечиј избор.
Сепак, многу жени се под стрес поради маркетингот на своето совршено тело на социјалните мрежи. Повеќето од нив се споредуваат со ѕвезди кои направиле бројни козметички корекции и речиси секоја од овие ѕвезди користи фотошоп.
Ќе се согласиме дека годините и одговараат, во нив изгледа повеќе од добро и дека навистина не и треба фотошоп, бидејќи е сосема нормално да има некои несовршености.
Потсетуваме дека Џеј Ло си го обезбеди дното за неверојатни 27 милиони долари.