Се пофали со огромна банана и го скрши интернетот! Милиони луѓе ги тријат очите од шокантната сцена

Тајланѓанец објави видео од најголемата банана на светот што ги шокираше корисниците на TikTok.

Еден Тајланѓанец стана вирален на TikTok откако претходно оваа недела ги шокираше корисниците со прикажување на џиновска банана која може да нахрани четиричлено семејство.

Видео кое шокираше милиони

За жал, авторот не навел колку е долга и тешка, но снимката од тоа неверојатно парче природа стана хит на таа социјална мрежа со повеќе од 60 милиони прегледи за само три дена.

Очекувано, бананата со огромни размери поттикна многумина да се пошегуваат во коментарите, а многумина се обидоа да откријат каде растат такви чудовишта.

Тајланѓанецот најверојатно го покажал Муса ингенс, познат и како џиновска планинска банана.

@tagplethtiktok โอ้โห กล้วยอะไรนี่ | เอิร์ธสดชื่นปลูกสวนป่าผลไม้อินทรีย์ลดโลกร้อน #เอิร์ธสดชื่น #tagple ♬ เสียงต้นฉบับ – เอิร์ธสดชื่น Tagple

Musa ingens обично расте во тропските планински шуми на Нова Гвинеја, а особено е интересно што ова растение и било целосно непознато на науката до педесеттите години на минатиот век.

– Во гроздовите банани muse ingens можат да соберат околу 300 овошја, кои вкупно тежат дури 60 килограми. Индивидуалните плодови со долгнавести форма можат да достигнат и до 18 сантиметри – се вели на страницата на Гинисовата книга на рекорди.