Шпанската полиција го приведе Дани Алвеш под обвинение за сексуален напад.
Дани Алвеш, најтрофеен фудбалер на сите времиња, заврши зад решетки поради обвинувања за сексуална злоупотреба во ноќен клуб. Бразилскиот фудбалер е обвинет за сексуален напад врз 23-годишна девојка во тоалет ноќта меѓу 30 и 31 декември во Барселона.
Според каталонскиот весник Ел Периодико, надзорните камери откриваат дека Дани Алвеш и 23-годишната девојка поминале петнаесет минути во тоалетот, каде што наводно се случил сексуалниот напад.
Девојката го обвини познатиот фудбалер дека ја фатил за рака и ја влечел во тоалет. Таа се обидела да побегне оттаму, но Бразилецот ја затворил вратата и и го попречил патот. Несреќната девојка ги раскажала одвратните детали од целата ситуација, а по нападот завршила во болница каде и е извршен лекарски преглед.
23-годишната девојка не инсистира на пари, туку тврди дека само сака правдата да биде задоволена. Доколку шпанскиот суд го прогласи за виновен, бразилскиот фудбалер се соочува со затворска казна од 4 до 12 години. Каталонскиот весник тврди дека собраните снимки и изјавите на сведоците не се совпаѓаат со ниту една од трите верзии кои 39-годишниот фудбалер ги изнесе во своја одбрана.