Се појавија шокантни детали од животот на Елизабет Тејлор! Сакаше алфа мажи и доминација, а со овој актер беше во моментите пред неговата смрт

Во новиот документарен филм „Elizabeth Taylor: The Lost Tapes“ беа откриени помалку познати детали од животот на познатата актерка.

Неодамна се појавија повеќе од 40 часа снимки од 1964 година, откриени на таванот на починатиот новинар Ричард Мериман.

Тие ленти сега се најголемиот дел од новиот документарен филм за Елизабет Тејлор. Откриени се многу работи од животот на познатата актерка кои до сега не беа познати.

Елизабет Тејлор (1932-2011) беше една од најпопуларните ѕвезди на класичната холивудска кинематографија во 1950-тите. Таа потоа стана најплатената светска филмска ѕвезда во 1960-тите, а работеше и беше позната до крајот на својот живот. 

Американскиот филмски институт ја стави на листата на најголеми женски филмски легенди – ѕвездата со виолетови очи се најде на седмото место на оваа листа.  

 

Таа беше со Џејмс Дин во пресрет на неговата смрт

Џејмс Дин ја завршуваше продукцијата на филмот „Џинот“, во кој глумеше со Тејлор, кога на 24-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа.

Елизабет претходно истиот ден возеше до студиото со него.

Таа сакаше алфа мажјаци

Тејлор глумеше моќни жени на екранот, но го претпочиташе „алфа мажјакот“ во нејзините врски. Тејлор сподели како намерно ќе доцни или ќе прави работи за да ги изнервира своите сопрузи и да ги натера да „доминираат“ врз неа. 

Еден од нејзините сопрузи, Еди Фишер, седел покрај креветот со наполнет пиштол додека таа се однесувала „слатко, како маче“.

Со нетрпение ја очекуваше својата старост

Елизабет тешко се справуваше со наметнатиот имиџ во јавноста. Во една прилика изјавила дека едвај чека да остари.

 –  Со нетрпение очекувам да станам дебела, збрчкана и стара – рекла Елизабет.

 

Била вклучена во борбата против СИДА-та

Документарецот за Елизабет Тејлор не потсетува на нејзината посветеност – борбата против СИДА-та и собирањето средства за лекување на болните . 

Пријателството на Елизабет Тејлор со геј мажи како Роди Мекдауел, Монтгомери Клифт и Рок Хадсон, чија смрт помогна да се привлече вниманието кон СИДА-та, ја охрабри да се вклучи во борбата против маѓепсаната болест.

Таа стана една од првите ѕвезди што поттикна понатамошно истражување за СИДА-та и ја искористи својата слава за да собере пари, пишува Variety.