Видеото од ракувањето меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и францускиот лидер Емануел Макрон стана хит на социјалните мрежи!
Како дел од неговата прва меѓународна посета по победата на изборите, Трамп дојде во Париз каде што беше пречекан од неговиот француски колега пред Елисејската палата. Откако излегол од автомобилот, американскиот претседател енергично ја повлекол десната рака на Макрон кон себе, а потоа тие се прегрнале и силно се ракувале. Двајцата лидери потоа застанаа на скалите за да позираат, по што Трамп ја стави неговата рака над таа на Макрон и цврсто ја повлече надолу при второто ракување. Макрон веднаш ја загуби насмевката. Многумина веднаш се сетија на нивните претходни состаноци и познатото ракување од 27 секунди на Денот на Бастилја.
Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата шеф на Белата куќа на 20 јануари, присуствуваше на отворањето на Нотр Дам во Париз заедно со други светски лидери.