Демонстрацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ како се прави седнвич со „Паризер“ доби своја верзија на интернет. Србите измислија игра со ликот и гласот на Вучиќ која веќе може да се симне од плејстор.
Вучиќ во средата се снимаше како појадува леб, мајонез и паризер, а реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат. Тој ги испрати министрите Томислав Момировиќ и Синиша Мали во продавница по намирници за појадок од оние кои од денеска се продаваат по намалени цени во Србија во рамки на акцијата „подобра цена“.
Момировиќ и Mали купија половина килограм „паризер“, два литра јогурт, два леба и мајонез и направија сендвичи во кабинетот на Вучиќ.