БАРОН ТРАМП, синот на Меланија и Доналд Трамп, деновиве е главна тема на социјалните мрежи откако се појави нова фотографија од ова 17-годишно момче.
Имено, многумина беа изненадени од тоа колку е висок Барон. „Ништо не можеше да ме подготви да дознаам колку е висок синот на Доналд Трамп сега“, напишаа корисниците на социјалните мрежи и масовно споделија фотографија од Барон со непозната жена со очигледна разлика во висината.
Во Белата куќа дошол кога имал само 10 години
Светот го памети Барон како срамежливо момче кое се преселило во Белата куќа на 10-годишна возраст, а се иселило на 14-годишна возраст. Во меѓувреме беше речиси невозможно да се види во јавноста, па неговите нови фотографии очекувано предизвикаа интерес.
Тогаш многумина забележаа дека момчето постојано гледа во подот . „Мислам дека е и слатко и тажно што Барон секогаш гледа во подот. Сигурно е тешко да се биде млад човек во таа позиција“, изјави еднаш психологот Брус Дурам за „првиот син“ на Америка во тоа време.