Пејачката со албанско потекло Рита Ора настапи со српско знаме на фестивал во Унгарија, а подоцна се извини велејќи дека мислела дека тоа е унгарско знаме.
Имено, за време на настапот на Рита Ора од публиката и’ беше подарено српско знаме кое цело време го држеше за време на изведбата на нејзините песни и во неколку наврати се покриваше со него.
Сега, всушност, се појави уште едно видео во кое албанската пејачка цело време пее во публика покриена со српско знаме.
https://www.facebook.com/100063626797683/videos/815212736964789/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
Да потсетиме, албанската пејачка изјави дека момче од публиката и’ подарило српско знаме и дека на почетокот не знаела на која земја и’ припаѓа. Дознала дека српското знаме е во прашање откако ја напуштила бината.
,,Синоќа за време на мојот настап на фестивалот SZIN во Унгарија, млад фан ми подари знаме. Поради силните светла на сцената, не можев јасно да видам чие е знамето. Дури кога се симнав од бината, сфатив дека тоа е српското знаме, а не унгарското“.
„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам јасно да кажам дека сум горд Албанец од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или моето семејство“, изјави Рита Ора за ,,Клан Косово”.