Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по повредата на коленото и операцијата која ја заработи на Ролан Гарос, успешно се опоравува и се подготвува за претстојните напори, а доказ за тоа е новото видео од неговиот тренинг кое се појави на социјалните мрежи.
Имено, само еден ден по повредата во Париз, Новак не остави ништо на случајноста, туку веднаш се подложи на хируршката процедура, за на најдобар можен начин да го регулира кинењето на менискусот што го имаше. Во деновите што следеа, Новак беше виден на патерици. Но, тој брзо ги отфрли и се врати на тренинзите за само десет дена. Прво, во теретана, а потоа се врати на теренот.
Така, на објавеното видео од Црна Гора, каде моментално е сместен еден од најдобрите тенисери на денешницата, можете да го видите како тренира, а неговите движења влеваат надеж дека се ќе биде во најдобар ред за Олимписките игри на кои Новак се радува, а можеби и за Вимблдон.