Во екот на скандалот во кој се најде Ана Николиќ по разделбата со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ, и видеото на кое се гледа загрижувачката состојба на лицето на пејачката, се појави ново видео во кое „девојката од чоколада“ ја обвинува мајка си Милијана за она што и’ се има случено.
Имено, Николиќ видно потресена му се обраќа на неодамнешниот менаџер и зборува за нејзината мајка на која и’ замерува што ја однела на дерматолог.
– Не сакам да лежам на кожното одделение и луѓето да ми кажат дека имам психијатриска болест, а лежам поради проблемите со кожата… И ми треба психијатар. Тоа се моите дијагнози! Имам нерешени конфликти со себе. Со оваа госпоѓа до мене имам „аспида” откако мајка ми ме однесе на лекар. Таа е страшно загрижена за мене, па видете како изгледам… Поради вас! Ме однесете на лекар… Патот до пеколот е поплочен со добри намери – заплака пејачката.