Се појави нов сој на коронавирусот наречен KP.3. KP.3 е дел од триото познато како варијанти на FLiRT и штотуку ја надмина другата варијанта на FLiRT KP.2 како најчест сој на коронавирус во Америка, според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC).
KP.2 стана доминантен во претходните недели, но сега неговиот раст е забавен. И KP.3 и KP.2 се „многу, многу слични“ на варијантата JN.1 која доминираше во бранот на инфекции минатата зима, според cbsnews.
Симптоми
Симптомите на KP.3 се слични на симптомите на коронавирус:
• висока температура;
• кашлица;
• останување без здив или отежнато дишење;
• замор;
• болки во мускулите или телото;
• главоболка;
• губење на вкус или мирис;
• болно грло;
• затнат нос или течење на носот;
• гадење или повраќање;
• дијареа.