Познати се последните детали за убиството на навивачот Михалис Кутурис во Атина. Според грчки „Прототема“, несреќниот млад човек бил ранет во 23.08 часот.
Сето ова се случи додека навивачите на АЕК беа нападнати од хулигани на Динамо Загреб.
Непосредно пред тоа, поточно во 23.05 часот, тој бил виден со други навивачи на АЕК како се упатува кон местото каде што најпрво избила тепачката. Она што се знае понатаму – несреќниот млад човек е виден како оди повреден пред киоскот, на раскрсницата од улиците „Смирни“ и „Фоко“.
Потоа, ранетиот Качурис колабира и паѓа, поради неконтролирано крварење , а непознато лице кое случајно се нашло на тоа место се обидува да го држи исправено, но не успева, што го снимила видео камерата поставена во киоскот.
Фотографијата има вознемирувачка содржина:
На местото на настанот во 23 часот и 32 минути пристигнала брза помош која го пренела ранетиот млад човек во болница, каде за жал подоцна починал.