Се појави реклама на Никола Јокиќ за кинески патики: Изгледа моќно, а цената на опремата е „ситница“

Никола Јокиќ и официјално го напушти „Најк“ и потпиша повеќегодишен договор со кинеската компанија „361 Deegres“.

Во соработка со оваа компанија, Јокиќ го претстави првиот модел на своите патики, кој ги воодушеви сите фанови, а откри и дека еден од најзаслужните за тој потег бил Ерон Гордон, неговиот долгогодишен соиграч.

За потсетување, ова се патиките „Big3 Future CQT“ која допрва треба да се појават во продавниците во САД, иако се достапни преку онлајн купување и се продаваат за 300 долари.

Од 2020 година споменатиот бренд има речиси 8.000 продавници ширум светот, а вреди да се спомене дека нивен „претставник“ е соиграчот на Јокиќ, Ерон Гордон, кој уште порано потпиша договор со Кинезите.