Според последните информации, лицето кое го започнало пукањето е убиено.
На Филозофскиот факултет во Прага имало пукање во кое има мртви и ранети, јавуваат локалните медиуми.
Според последните информации, лицето кое го започнало пукањето е убиено.
„Стрелачот е елиминиран!!! Целата зграда во моментов е евакуирана, а на лице место има неколку мртви и десетици повредени“, објави полицијата на социјалната мрежа Твитер/Икс.
Според информациите што ги споделија студентите, луѓето биле затворени во училниците или во библиотеката, а тие се евакуирани на улицата Челетна. Според учениците, една девојка паднала од балкон кога се обидела да побегне!
Снимката споделена на Твитер покажува како луѓе во паника трчаат по улицата. Областа околу Намести Јан Палах е затворена и полицијата ги советува луѓето да се држат настрана
Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага поради трагичните настани. Тој побара граѓаните да ги следат упатствата на службата.
На интернет се појави фотографија од напаѓачот како стои на покрив со оружје.