Сите ние секојдневно се соочуваме со различни проблеми и ги решаваме најдобро што знаеме. Никој никогаш не не научи како да му пристапиме на проблемот и што точно треба да правиме. Но, познатиот научник Алберт Ајнштајн ни остави тајна вредна злато. Само многу интелигентни луѓе ќе пристапат кон секој проблем на следниот начин, како Алберт Ајнштајн.
– Ако имам еден час да решам проблем, ќе потрошам 55 минути размислување за проблемот, а пет за негово решавање – тоа е формулата на Алберт Ајнштајн за решавање на секој проблем во животот, пишува Bright Side.
И, тој беше во право! Наместо да брзате со глава во обидот да го решите проблемот, подобро е да земете длабок здив и добро да го погледнете. Имено, ако го разберете проблемот, тогаш многу полесно ќе го решите.
Дали забележавте дека секогаш ви е полесно да го дадете вистинскиот совет на некој друг отколку на себе? Затоа, замислете дека не е ваш проблем туку туѓ и советувајте се што да правите. Исто така, ако е можно, обидете се да го разделите проблемот на помали единици и внимателно размислете за секоја од нив – на пример, како може да се развие ситуацијата ако го направам вака или онака. Обидете се да размислите за последиците од секој чекор што имате намера да го преземете за да видите дали тоа е добра одлука.
Важно е и како си го претставувате проблемот, односно кои зборови ги употребувате. Да речеме дека сакате да престанете да пушите бидејќи тоа ви станало проблем, па наместо да си повторувате „ќе престанам да пушам“, претпочитате да повторувате „Ќе го продолжам животот, ќе бидам поздрав, ќе имам повеќе енергија, ако престанам да пушам“. Ваквиот начин на размислување ќе ве доведе до целта порано.
Корисен трик е проблемот да се формулира како прашање, бидејќи човечкиот мозок едноставно сака загатки и автоматски го бара одговорот, дури и кога не сме свесни за тоа.
Наградувањето е исто така добра мотивација. На пример, вашиот проблем се неколку килограми вишок и сакате да ги изгубите. Тогаш размислете вака – цела недела ќе внимавам на калориите, но во недела ќе си дадам одмор и ќе се почестам со задоволство. Килограмите ќе паднат без разлика на еден „погрешен“ ден, а вие ќе се чувствувате мотивирани.