СЕ ПОЈАВИ ШОКАНТНА ФОТОГРАФИЈА НА МОНСТРУМОТ ОД БиХ! Срамен потег на ќерката на началникот на локалната полиција: Тоа ни беше ПОСЛЕДНО КАФЕ (ФОТО)

Телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ се уште е во мртовечницата во Тузла и до ден денес никој не поднел барање за преземање!

Ова за Аваз го потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.

Телото на Сулејмановиќ, кој на 11 август ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и се` пренесе на Инстаграм, е во фрижидер повеќе од еден месец. Монструмот потоа уби двајца турски државјани и рани три лица.

Зехрудин Хасиќ, началник на полициската управа Градачац, неодамна беше разрешен поради тројно убиство , со одлука на полицискиот комесар на полициската управа ТК Џевад Корман.

По разрешувањето Хасиќ бил преместен на друга позиција во МУП на Т.К.

Разрешен е и неговиот заменик. На местото на Хасиќ беше назначен командантот на полициската управа во Сребреник, Един Кариќ.

СУЛЕЈМАНОВИЌ НА КАФЕ СО ЌЕРКАТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ

Промената настанала, како што дознава Аваз, поради одредени проверки кои се вршеле во врска со Сулејмановиќ. Претходно беше суспендирана полицајката Џенана С. а против неа е поведена дисциплинска постапка.

Аваз носи и нови детали од истрагата. Во моментот кога беше објавена веста дека полудениот убиец се самоубил, ќерката на началникот Хасиќ на социјалните мрежи објави фотографија со убиецот со порака:

– Ова беше нашето последно кафе.

Над фотографијата е порака на арапски.

– На Бог му припаѓаме и нему се враќаме – напишала ќерката на поглаварот.

Ќерката на Хасиќ наводно била добра пријателка со Сулејмановиќ.