Пет членови на екипажот се водат како исчезнати откако јужнокорејски танкер се преврте денеска кај западниот јапонски град Шимоносеки, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража.
Во моментот на инцидентот, на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои осум биле Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез. Не е позната состојбата на шестмината спасени членови на екипажот.
Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот беа издадени предупредувања за силен ветер и високи бранови, соопшти Кјодо.