Русија би можела да им понуди на своите партнери во постсоветскиот простор воспоставување нова макро-држава, смета филозофот Александар Дугин.
– Се приближуваме до многу важен момент. Неопходно е преобликување на структурата на постсоветскиот простор… Мислам дека постоењето на нејасни меѓудржавни формации е закана за сите – и на регионално и на глобално ниво – рече Дугин.
Тој нагласи дека Грузија има посебна улога во ова прашање.
Според Дугин, Русија може да предложи Јужна Осетија и Абхазија да се приклучат на оваа макро-држава, но ако тоа се случи без Грузија – која стана достојна суверена држава – тогаш ќе се создадат „нови линии на расцеп“.
Во исто време, филозофот смета дека во моментов има добри предуслови за подобрување на односите меѓу Москва и Тбилиси.