Се проверува документацијата на Вишото обвинителство Скопје, сомневања за промена на податоци од обвинител

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.

„Јавниот обвинител и стручните соработници од BO Штип ги документираа внесените податоци во регистрите и начинот на кој се внесуваат предметите. Во тој случај е направена споредба и со исказите на оштетените – подносителите на претставките – за начинот на кој тие нагласуваат дека имало интервенција при средување на предметите“, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Проверката на документите, се вели во соопштението, е извршена во целост согласно одредбите од Законот за кривичната постапка и ќе биде изготвен записник со наоди за сите присутни.