Името на Твитер одамна не е во официјална употреба, но оние кои сакаат да го спасат логото на сината птица од заборав можат да го сторат тоа доколку имаат доволно пари.
Знакот, кој претставува една од двете птици што ги красеа канцелариите на Твитер , сега е ставен на аукција.
Џиновското лого, кое беше дел од седиштето на компанијата во Сан Франциско, е еден од најпознатите симболи поврзани со оваа социјална мрежа. Не е изненадувачки, ова парче историја не е евтино.
Во моментов, понудата за логото „Лари“ кое тежи околу 250 килограми е над 23.000 долари. Аукциската куќа RR Auction предвидува дека цената на логото би можела да достигне 40.000 долари.
Ова не е првиот „Лери“ кој се наоѓа на аукција. Откако Илон Маск го презеде Твитер во 2022 година, голем број предмети од поранешните канцеларии на компанијата завршија на аукција. Една, помала верзија на логото беше продадена за 100.000 долари, додека друго големо лого од зградата беше продадено на аукција за необјавена цена.