Во моментов се работи на инфраструктурно подобрување, односно ширење на граничните премини, пред се на граничниот премин „Табановце“, сите можности кои стојат на располагање беа преземени согласно заклучоците на Влада, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање колку сме подготвени да нема големи застои на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“.

– Заедно работиме со српското МВР за изработка на софтвер, кој ќе овозможи, односно ќе го скрати временскиот рок на поминувањето и контрола на граничните премини. Се подготвуваме максимално и за „Табановце“ и за „Богородица“, но и на меѓународниот аеродром за сите заедно да придонесеме гужвите да бидат помали, рече Спасовски.
Според него, најдоброто решение за немање гужви на границите е членството во ЕУ.
– Нема подобра придобивка за граѓаните од тоа да немате граници, посочи Спасовски.