Се разведува еден од најпознатите холивудски парови: „Донесовме тешка одлука…“

Медиумите пишуваат дека тие двајца се отуѓени некое време и често поминуваат време разделени

Крај на врската за Софија Вергара и Џо Манганиела. Парот објави дека го завршува својот брак и секој оди по својот пат, пишува Page Six.

Тие објавија заедничко соопштение во понеделникот, во кое изјавија:

– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека влегуваме во оваа нова фаза од нашиот живот.

Медиумите пишуваат дека тие двајца се отуѓени некое време и често поминуваат време одвоено за да најдат начин да напредуваат.

Двајцата актери се забавуваа во 2014 година, а се верија 6 месеци подоцна. Тие се венчаа во 2015 година но никогаш немаа деца заедно. Софија има син од претходната врска, пишува Page Six.