СЕ РАЗВЕДУВА ФИНСКАТА УБАВИЦА : „Ќе останеме најдобри пријатели, благодарни сме на нашата сакана ќерка“

Премиерката на Финска во заминување поднесе барање за развод

Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, поднесе барање за развод , заедно со нејзиниот сопруг Маркус Раиконен.

– Благодарни сме за 19 години заедно и за нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели –  објавија Марин и Раиконен во посебни објави на Инстаграм, пренесува Ројтерс.

Двајцата се венчаа во 2020 година додека Марин беше премиерка и се справуваше со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот, според британската агенција.

– Ја живеевме младоста заедно, влеговме во зрелоста и станавме родители на нашата мила ќерка – напиша Марин на Инстаграм по нејзината венчавка со Раиконен во август 2020 година.

Сана Марин стана најмладата премиерка на светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, но нејзината Социјалдемократска партија загуби на парламентарните избори во Финска минатиот месец.