Се разгорува војната меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли: Зошто тој бара пристап до нејзините приватни пораки

Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија Шато Миравал.

Според правните документи до кои дојде „Пејџ Сикс“ , Пит бара од судот да го принуди Алексеј Олијник од „Столи груп“ да ги открие своите комуникации со Џоли и да се појави на рочиштето.

Актерот рече дека се обидел да се сретне и да се консултира со Олијник во врска со правното прашање, но дека не успеал. Пит понатаму тврди дека швајцарскиот државјанин Олијник одбил да се придржува до правичната постапка врз основа на швајцарските правила според кои странските државјани не можат да бидат принудени да патуваат во Калифорнија за да сведочат.

Адвокатите на Пит тврдат дека судската пракса што ја цитира Олијник не може да се примени во овој случај бидејќи актерот бара сведочењето да се спроведе во земјата на живеење на Олијник. Пит и Џоли ја купиле споменатата винарија во 2008 година, додека биле во врска.

Откако се разведоа, Џоли го продаде својот дел, а тој го нарече тоа нејзин обид да му се одмазди и го тужеше. Тој исто така тврди дека Олијник дејствувал по инструкции на својот шеф, односно на шефот на „Столи груп“, Јуриј Шефлер, како „клучен оперативец“ зад купувањето, што несомнено го прави еден од најважните сведоци во оваа тужба.