Се самоуби навивач на Бока Јуниорс: Страшна трагедија по финалето на Копа Либертадорес! Причината поради која кренал рака на себе ја заледува крвта!

По финалето на Копа Либертадорес во кое бразилски Флуминенсе ја победи Бока Јуниорс (2:1), се случи голема трагедија со фатален исход.

Еден од навивачите на клубот од Аргентина, 23-годишен симпатизер на Бока Јуниорс, се самоубил, пренесуваат локалните медиуми.

Мајката на момчето, потврди дека главната причина за смртта на нејзиниот син е токму поразот на неговиот сакан клуб од Флуминенсе, пренесува Марка.

– Бока е ѓубре. Ми го убија синот! Мојот син се самоуби поради нив. Немам веќе син! И нема играчи, никој од луѓето од клубот не доаѓа да изрази сочувство.

Очигледно, младиот Аргентинец беше очаен кога Бока го загуби натпреварот. Се чувствуваше многу лошо, беше тажен, пцуеше. Тој рече дека Бока е најважната работа во неговиот живот. Потоа се самоуби, изјави очевидец.